|
Добредојдовте во Викториската мултикултурна комисија Викториската мултикултурна комисија (ВМЦ) (The Victorian Multicultural Commission) е независно официјално тело кое е посветено на негувањето на склад и поттикнување на целосна вклученост на викториските културно, јазично и верски разнолични заедници во сите аспекти на животот на Викторија. Целите и функциите на Комисијата, како што е прецизирано со Законот за мултикултурна Викторија од 2004 година, вклучуваат поддржување и јакнење на заедниците, промовирање на единство и разбирање, и прославување на културната разнообразност на Викторија. Во крупните иницијативи на ВМЦ спаѓаат:
- Програма на дотации на заедницата – обезбедува финансирање на групи на заедницата во седум категории: организациона поддршка, постари граѓани, згради и објекти, фестивали и настани, јакнење на мултикултурни заедници, многуверски/меѓуверски активности, и образовни програми.
- Фонд за развој на културни квартови – инвестирање на 10 милиони долари во период од три години за поттикнување на живоста на трите истакнати културни квартови на Мелбурн со долга историја: улиците Литл Берк, Лонсдејл и Лајгон.
- Иницијатива за промоција на склад - низа проекти наменети за јакнење и реафирмација на репутацијата на Викторија како гостољубиво и складно општество. Ги опфаќа Неделата на културна разнообразност, кампањата Сите ние, меѓуверски и многуверски активности, и ангажирање на младите.
- Стратегија за јазични служби – го промовира ефикасното користење на преведувачи заради олеснување на достапноста на владините служби и има за цел развивање и јакнење на квалитетот и достапноста на преведувачи во Викторија
- Акциона програма за бегалци – Во партнерство со клучни агенции и заедници на бегалци оваа програма, што се спроведува низ целата држава, обезбедува витална поддршка на неодамна пристигнати бегалци и доселеници врз хуманитарна основа.
ВМЦ исто така координира низа советодавни одбори со лидери на заедницата, верски водачи, локални власти и млади, со цел да се утврдат потребите на културно, верски и јазично разнообразните заедници на Викторија. Следните изданија на ВМЦ се исто така на располагање на македонски јазик:
За да се поврзете со други организации во вашата локална област или заедница, посетете го Community Resources Directory и побарајте според областа или етничката група.
|
|
Last Updated on Thursday, 09 May 2013 15:42 |