Мултикултурна Викторија

Викторија е една од најразноличните и меѓусебно најповрзани заедници во светот. Потекнуваме од повеќе од 200 земји, зборуваме 260 јазици или дијалекти и следиме 135 различни вероисповести.

Викториската Влада поддржува едно сеопфатно мултукултурно општество во кое секој може да учествува во заедницата и да има пристап кон услуги, независно од културното, јазичкото или верското потекло.

Викториската Влада може да им помогне на мултикултурните заедници со:

  • дотации за настани, групи на постари лица, организациска поддршка, училишта за јазици на заедниците и за други иницијативи
  • дотации за инфраструктура чија цел е изградба или подобрување на згради и објекти
  • поддршка за иницијативи за решавање на проблеми на заедниците, вклучително потребите при населувањето
  • меѓукултурни и меѓуверски иницијативи за промовирање на разбирањето на културната и верската разноличност и за промовирање на општествена складност.

Нашата разноличност исто така ја прославуваме со големи настани меѓу кои: Гала вечера на премиерот (Premier’s Gala Dinner), Недела на културната разноличност (Cultural Diversity Week), Мултикултурниот фестивал „Вива Викторија“ (Viva Victoria Multicultural Festival) и Викториската мултикултурна награда за извонредност (Victoria’s Multicultural Awards for Excellence).

Преземете информации на вашиот јазик

Events Calendar

  • 17 Dec

    Funny Thing Happened

    more >
  • 26 Dec

    Ethiopian Soccer & Culture Festival

    more >
  • 20 Jan

    Sankranti - A Celebration of Diversity

    more >
  • 18 Mar

    Global Fiesta

    more >
find more events here >